Потресна исповед на ангелот на Викторија Сикрет: Ова е цената за витката става на манекенките

Австралискиот модел  Бриџит Малком за магазинот Пипл открила колку години трпела притисок да биде слаба. Стресот и напорот за витка става биле толку големи што останала без менструален циклус. Тоа било знак дека нејзините лоши навики си го земале данокот и тоа  веднаш мора да се промени.

„Секогаш бев возбудена кога циклусот ќе прескокнеше. Знаев дека моите навики имаат ефект и оти сум слаба. Иако не дозволував да бидат премногу слаба, мојата перцепција беше искривена“ – напишала Бриџит Малкон на својот блог.

Бриџит  секогаш давала вистински совети на своите следбеници: Намалете го шеќерот, зголемете кардио, а всушност на себе испробувала секакви рестриктивни мерки кога колковите и биле пошироки од 88 сантиметри.

Малкон признава дека го сфатила својот проблем и веќе една година работи на тоа да престане со диетите, а истовремено работи и на своето ментално здравје.

Ги додала здравите масти во исхраната, престанала напорно да вежба, се ориентирала на јогата и сега очекува циклусот да и се врати.

„Имав само два пати во последните година дена. Нема да се откажам, бидејќи сфаќам колку го загрозив своето здравје“ – искрена е манекенката, која планира еден ден да стане и мајка и затоа свесно работи на себе.

„Сакам тело кое може да роди бебе“ – истакнала таа.

Инаку, според нејзините зборови, во светот на модата многу манекенки поради изгладнувањето немаат менструација.