Легендарниот актер Бата Живоиновиќ пред велигденските празници беше хоспитализиран, а според најновите податоци од болнички извори, здравствената состојба му е значително влошена.
Неговиот син Миљко Живоиновиќ кој е во Франција, вели дека не може да дојде во Србија и да си го прегрне татка си.
Тој за српскиот „Курир“ вели дека не го пуштаат да излезе од земјата и да дојде да го види татко му, со оглед на тоа дека состојбата му се влошува.
Ова се случува бидејќи против него е покренато обвинение за злоупотреба на службената положба, додека бил управител на „Rada“.
За потсетување, Бата беше хоспитализиран пред десетина дена.