Една од емисиите на британската верзија на популарниот квиз „Милионер“ќе се памети и прераскажува по несекојдневната ситуација во која се најде натпреварувачот Герет Кендал.
Станува збор за натпреварувач кој во сообраќајна несреќа пред неколку години останал без една нога.
Кога Герет стигна до прашањето кое му носеше 125.000 фунти (околу 140.000 евра), остана запрепастен од прашањето и понудените одговори.
„Покрај кое езеро се наоѓа рушевината Уркухант?“, е прашањето кое му го поставил водителот.
„Го знам одговорот. Таму ја изгубив ногата“, рекол Герет а публиката во студиото бурно реагирала.
– Да несреќата се случи во близина на рушевината од тој дворец, покрај езерото Лох Нес – одговорил натпреварувачот и освоил 125.000 фунти.