Повраќање и панични напади: Ѕвездата на „Twilight“ не можела да ја поднесе славата

Кристин Стујард имала панични напади од големата слава , од кои секојдневно повраќала.

26-годишната актерка, која стана позната после нејзината улога во хит филмот „Twilight“, како Бела Свон, призна дека имала тешкотии да се соочи со славата која ја доживеала и постојано се соочувала со болки во стомакот.

 twilight

„Поминував низ огромен стрес. Имав панични напади, повраќав секој ден и имав болки во стомакот“, изјави Стујард.

Покрај нејзината борба со анкциозноста, Кристин исто така се справувала и со опсесивно компулсивно пореметување.

Кристин Стујард