Повторно ја налути Кралицата: Меган уште еднаш заборави на правилата

Новата принцеза во кралското семејство Меган Маркл повторно го прекрши кралскиот протокол додека заедно со сопругот принцот Хари и кралицата Елизабета II присуствуваа на свеченост во Бакингемската палата.
Меган се најде на мета откако за време на церемонијата на млади лидери од целиот свет ги прекрсти нозете на погрешен начин.
Меган на почетокот не седна како што седи кралското семејство, но кога тоа го сфати веднаш ја исправи грешката.