Повторно луксуз: Меланија Трамп прошета со чанта од 10.000 долари

Меланија Трамп во јавност постојано ја гледаме во формална облека, па вистинска реткост е првата дама на САД да се опушти.

Вчера Меланија се појави во опуштено издание, а нејзиниот изглед повторно чинеше илјадници долари.

Таа носеше фармерки во маслинеста боја, сандали бела кошула и чанта.

Сандалите беа со потписот на Маноло Бланик и чинат 800 долари, додека чантата од Селин вреди 3000 долари.

Но, цената на оваа чанта не се споредува со онаа која Меланија ја носеше при вселувањето во Белата Куќа.

И тогаш беше во опуштено издание, со Ермес Биркин чанта вредна 10.000 долари.