Повторно на тв екраните: На есен се враќа хит серијата „Вил и Грејс“

Еден од актерите на познатата серија „Вил и Грејс“, во интервју за радио станицата КПБС изјавил дека „NBC“ нарачал нови епизоди од серијата и дека истите ќе бидат снимени оваа година во јуни.

Во улогите на Вил, Грејс, Керен и Џек повтроно ќе бидат Дебра Месинг, Ерик Макормак, Шон Хејс и Меган Мулали.

Продуцентите успеаа да ги вратат сите на малите екрани, освен холивудската легенда Деби Рејнолдс која неодамна почина, а ја толкуваше улогата на мајка на Грејс.