Лејди Гага веќе по втор пат се појавува со новото момче, продуцентот Кристијан Кери.
Овој пат парот беше забележан на забавата по наградите “Греми”.
Според гласините поп-ѕвездата и агентот се заедно веќе неколку недели, но намерите еден кон друг веќе им биле доста сериозни.
Според магазинот Us Weekly, новите романтични односи на супер ѕвездата одат во вистинската насока.
Можеби Гага сè уште се воздржува да ја коментира конкретно новата врска, бидејќи минатата година доживеа навистина тешка разделба со екс свршеникот, актерот Тејлор Кини, со кого имаше речиси 5-годишна врска.