Седумгодишната Румеса ја победи болеста и целосно здрава си замина од Детската Клиника.
Оваа убава вест Детската клиника ја објави на својот Фејсбук профил.
„Во ова време кога сите стравуваме за своето и здравјето на децата, на нашите најблиски, не е се така неизвесно и лошо. Денес се радуваме на една прекрасна херојка, има супер вест! Нашата пациентка Румеса, здрава ја праќаме дома! Таа ја победи леукемијата и срамежливо заѕвони на нашето ѕвонче. Драга наша Румеса, нема веќе боцкања и страв, само напред“, напишаа тие.
Во ова време кога сите стравуваме за своето и здравјето на децата, на нашите најблиски, не е се така неизвесно и лошо….
Posted by Detska Klinika on Monday, March 30, 2020