Џејсон Бред е 34-годишен тренер по боречки вештини,кој започнал да се облекува како херојот на Марвел и за време на секојдневното џогирање тој прави акробатски скокови и ги забавува децата, пренесува „Ројтерс“.
Тој неодамна од Њујорк се преселил во Стокпорт, а облечен во костимот на Спајдермен е вистинска „атракција“ во овој град, па со него се фотографираат дури и полицајци.