Позната причината зошто Џенифер Лопез го остави Каспер Смарт

Пред неколку денови Џенифер Лопез раскина со Каспер Смарт по 5-годишна врска, а сега се знае и точната причина за нивната разделба.

Како што пишува магазинот „ТMZ“, пејачката го оставила танчерот бидејќи тој на прво место ги ставил другарите наместо неа.

Џеј Ло имала појавување на хуманитарната забава на Conor McGregor/Nate Diaz во Лас Вегас каде бил поканет и Каспер, но тој решил да искочи со пријателите наместо да ја придружува својата понежна половина.

Тоа ја разбеснило Џенифер, па после жестока расправија решиле конечно да се разделат.

каспер смарт и џенифер лопез