Изминатиот викенд, познатата мисица и актерка Пријанка Чопра се венчаше со музичарот Ник Џонас.
Гламурозната веселба ја споделија на социјалните мрежи а се изгледаше бескпрекорно организирано.
Но очигледно младенците пропуштиле еден детал, па раскошната прослава која траела три дена ги разбеснила борците за права на животните од здружението ПЕТА.
Имено, парот се венчал според индиски обичаи, кои вклучуваат и животни.
Младенците имале слон со две седла на кој заедно јавале а младоженецот на церемонијата се појавил на бел коњ.
Слоновите кои се користат за венчавки се оковани во ланци, а коњите се контролираат со камшик со шилци – изјавиле од здружението ПЕТА.
Додале дека Пријанка очигледно никој не ја известил дека учествува во злоставување на животни.
Покажување на суровост кон животните кои немаат избор не те прави гламурозна или голема. Напротив! Среќниот ден за Пријанка и Ник не бил воопшто среќен за животните, тврдат од ПЕТА.