33-годишната британска ѕвезда е во врска со 23-годишниот Лиам Пејн од групата „One Direction“.
Гласините дека вљубените очекуваат бебе се појавија по новата реклама на пејачката за L’Oreal.
Во видеото Шерил е фотографирана во крупен кадар, без да се гледа целата нејзина фигура.
До неодамна таа беше исклучително слаба и дури се зборуваше дека страда од анорексија, а сега изгледа заоблена и со полни гради.
Покрај тоа Лиам го променил својот статус на Twitter и Instagram во: “најсреќниот човек”, а таа во: “сè е љубов … само позитивни вибрации”.
Според блиски на двојката, Шерил одамна сака да има дете, уште од времето кога беше мажена за фудбалерот Ешли Кол, па очигледно Лиам одлучил да ѝ го оствари сонот.
Весникот „Mirror“ пишува дека двајцата почнале обиди за бебе уште од пролетта.