Легендарната американска пејачка Шер објави дека следната нејзина концертна турнеја ќе биде последна.
“Денес, кога ќе погледнам во огледалото, гледам една прилично остарена дама. Како да ја прифатам својата возраст? Не знам. Од таа причина моите концерти следната година во Лас Вегас, најверојатно, ќе бидат последни”, изјави 70-годишната поп ѕвезда.
Обожавателите на Шер се надеваат дека таа нема да ја напушти сцената.