Легендарната српска актерка Милена Дравиќ, ненадејно е примена во една белградска болница каде што е подложена на испитувања, пишува српски „Курир“.
На славната актерка по смртта на сопругот Драган Николиќ и е нарушена здравствената состојба, а лекарите одлучиле дека најдобро е да биде хоспитализирана и да има целосна нега.
Тим на најдобри лекари во моментот се грижи за нејзиното здравје обидувајќи се да помогне што побрзо да се надминат здравствените тегоби, кои се интезивирани по губитокот на сопругот, а во помош им дошле колеги од Франција.
Пред седум и пол месеци почина нејзината голема љубов Драган и таа оттогаш се обидува барем донекаде да ја надмине болката.