Не само што се нискокалорични и многу здрави, не само што изобилуваат со витамини, не само што освежуваат за време на топлите денови, праските се одлични и како природна заштита од сончевите зраци.
Потребни се – 4 свежи праски, 2 лажици мармалад или желе, 75 грама бадеми, 1 јајце, 2 лажици шеќер во прав, 1/8 изматена хопла, 1 лажица рум.
Подготовка
Праските кратко време потопете ги во врела вода. Излупете ги, извадете ги семките и оставете ги да се исцедат. Полнете ги праските со по половина лажичка мармалад или желе.
Наредете ги праските во огноотпорен сад така што исечените делови да бидат свртени надолу. Бадемите потопете ги во врела вода, излупете ги и сомелете ги. Во миксер ставете го јајцето, шеќерот во прав, шлагот и румот, и матете една минута како пире. Додадете ги бадемите.
Прелијте ги праските со овој марципан, печете ги пет минути и послужете ги веднаш или оставете ги на студено место.