Правила: Како да ги комбинирате вината со сирењата

Виното и сирењето се одлична двојка доколку се држите до некои правила за нивно комбинирање. Автохтонитe производи се одликуваат со голема разноликост, а некои од нив се познати уште од најстари времиња.
Сирењата што се специфични за некое подрачје претставуваат богатство за земјите и за нивното културно наследство. Тие се многу важна одлика на народот, земјата и на нивната култура. Некои од најпознатите автохтони сирења на Балканот се во Србија  пиротското, златарското, мокринското, кривовирското сирење, од Црна Гора најпознати се пљеваљското и кучкото сирење, од Хрватска се пашкото, далматинското, дубровничкото, истарското, личкото и туњското сирење и од Македoнија најпознати се галичкото и шарпланинското сирење.
Постојат три главни критериуми по кои се комбинираат вината и сирењата, а кога ќе ги научите, многу лесно ќе ги комбинирате.

dedo-vinoisirenje
Киселините ја режат маснотијата и ја прават полесна, па така сирењата што се многу масни, добро одат со бели вина, кои имаат повеќе киселини. Тоа особено важи се кремастите сирења кои никако не одат со црните вина.
Одделна група сирења се оние што се поароматични од вината. Сирењата со тежок и силен мирис може да ги надвладеат лесните вина, па затоа таквите сирења е препорачливо да се јадат со силни, ароматични вина.
Сувите вина не ги пијте со „рокфор“ или „мунстер“ сирење бидејќи ќе го уништите виното.Сирењата со силна текстура, како пашкото сирење или пармезанот, добро одат со црните вина. Меките козји сирења одат со виното „совињон“ и „малвазје“.
Тврдите козји сирења одат со полн „совињон“, а меките кравји сирења се комбинираат со лесно, овошно бело вино како „малвазје“ и „шардоне“. Рикота сирењето оди со изладена италијанска сорта на виното „фијано“.
Моцарелата оди со сите бели вина и неколку полесни црни како „пино“ и „божуле“. Рокфор сирењето се консумира со јаки слатки вина како што е ароматичниот „совињон бланк“. Кемембер сирењето оди со шампањско. За полутврдите сирења „ајдамер“ и „ементалер“ се препорачува „шардоне“ и „малвазје“, а пармеџано сирењето оди со „каберне“.

dedo-sirenjeivino