Празничен тренд: Фризура во форма на новогодишна елка

Ako помисливте дека ги знаете сите чудни и невообичаени трендови за убавина, се појави нов, бизарен, но забавен начин за стилизирање на вашата коса кој со сигурност ќе направи да привлечете многу погледи за дочекот на новата година.

Овој изглед се постигнува кога ќе ја соберете вашата коса во конусен облик, имитирајќи новогодишна елка пред да ја украсите.

коса

Стилистите велат дека ова можете да го постигнете така што ќе ставите мало празно шише или лесен предмет во форма на конус врз вашата глава, кој ќе ви служи како водич.

Потоа наместете ја косата околу предметот и зацврстете ја со спреј или со други помошни модни додатоци.

Можете да бидете креативни и да преземете похрабар чекор, така што дополнително ќе ја украсите својата коса со одредени елементи.

коса

коса