Поминаа само две недели откако Тејлор Свифт и Калвин Харис ја раскинаа 15-месечната врска, а славната пејачка веќе има ново момче.
Странските медиуми ја фатија како се бакнува со британскиот актер Том Хидлстон, со кој првпат заедно беа видени во мај на Мет Гала каде беа снимени како танцуваат.
Како што пишува британски „Сан“, Том ја контактирал Тејлор веднаш откако слушнал дека ја прекинала врската со славниот диџеј.
Тејлор пред Келвин Харис беше во врска со Џое Џонас, Џон Мајер, Тејлор Лутер, Џејк Гиленхал, Конор Кенеди, Хари Стајлс и многу други.
Пејачката е позната по тоа што за своите љубовни расинувања пишува песни, па многумина се прашуваат дали истото ќе го направи и по раскинувањето со Келвин Харис.