Предлог за здрав и брз ручек : Чинија преполна со бои

Состојки:

4 лосос филети
3 парчиња бел леб без корка
Цела рака ливчиња од магдонос
1 лажица маслиново масло
1-2 лажици сенф
Малку сол и бибер

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 230 ° C. Лебот, магдоносот и лажицата масло сипете ги во блендер. Лосос филетите посолете ги со сол и бибер, а потоа премачкајте ги со сенф на горната страна. На страната на филети кои се намачкани со сенф истурете смесата од блендерот и ставете ги во шпоретот да се печат околу десетина минути.

Совет:

Како гарнир со лососот сервирајте варен ориз и салата од спанаќ и црвен кромид.

лосос