Потењето станува се поголем проблем кај многумина, особено кај младите луѓе.
Научниците се обидуваат да пронајдат начин за решавање на проблемот со потните жлезди.Една нова студија открива дека чајот од жалфија го намалува потењето.Комбинацијата од етерични масла, тујон, танин, горчливи материи и флавинол ја регулира активноста на потните жлезди. Резултатите се видливи после две до три недели конзумирање на овој чај.
Подготовка:
Прелијте две до три лажички жалфија со една чаша превриена вода. Оставете покриено да отстои десетина минути и процедете.
Внимавајте, дневната доза се две до три шолји чај. Доколку се потите додека спиете, тогаш последната чаша испијте ја еден до два часа пред да си легнете.
Овој рецепт е препорака од Ричард Џонс од Универзитетот во Калифорнија.