Препораки: Како безбедно да се возите во автомобил или на мотoр во време на пандемија??

Во ситуација каква што е моменталната пандемија, основните совети се луѓето што е можно повеќе физички да се дистанцираат едни од други.

Поради ова, вистински проблем е возењето на повеќе луѓе во еден автомобил.

Во Италија, која во моментов е најмногу погодена од вирусот Корона, Министерството за внатрешни работи издаде препораки како е најбезбедно да се вози за време на пандемијата.

Автомобили

Нема ограничувања доколку во автомобилот се присутни членови на семејство кои живеат заедно.

Но доколку се возите со други луѓе, задолжително почитувајте го растојанието меѓу патниците од еден метар, наведува итлијанското министерство.

Ова практично значи дека доколку не возите поголем теренец, долг караван или комби, освен возачот, во кабината на “обичниот автомобил”, освен возачот, безбедно може да се вози само едно лице и тоа дијагонално од него, односно на спротивната, десна страна на задното седиште.

Ова е особено важно за луѓе кои практикуваат да се возат со такси.

Мотор

Апсолутно е невозможно да се одржува оддалеченост на моторцикл, па поради ова сите кои го практикуваат ова моторно возило треба да се возат потполно сами.

Единствен исклучок, доколку е неопходно, може да се наорави доколку сопатник е близок член од семејството со кого живеете.