Принцот Џорџ расте пред очите на јавноста, а кралското семејство се подготвува да го прослави неговиот 3-ти роденден.
Принцот ќе има роденденска прослава со семејството во домот во Норфолк, каде се собрани семејството Мидлтон и нивни блиски пријатели.
А, по повод неговиот роденден Бакингамската палата реши да објави четири нови фотографии од Џорџ.
„Војводата и војвотката од Кембриџ се среќни да споделат 4 нови фотографии од принцот Џорџ за неговиот трет роденден. Тие се направени од фотографот Мет Портеус, во нивниот дом во Норфолк во средината на јули“, стои во описот на фотографиите.