Преслатките Сер и Руми: Бијонсе прв пат во јавност со 5-месечните близнаци

Бијонсе и Џеј Зи овој викенд решија на светот да им ги покажат 5-месечните Руми и Сер, кои јавноста прв и последен пат ги виде кога се родија.

Тогаш пејачката објави фотографија до новородените близнаци, но тоа беше тоа.

Сега парот се појави во Мајами, заедно со Блу Ајви, Тина – мајката на Бијонсе и Глорија-мајката на Џеј Зи.

Папараците успеаа да ја фотографираат пејачката додека во своите раце го носеше синот Сер, додека Глорија во својата прегратка ја имаше Руми.

Близнацте се преслатки!