Преслатко видео: Бувот кој го гушка својот спасител

Оваа прекрасна птица од расата Џиновски Роглест Був по име Џиџи, била донесена во Центарот за спасување на диви животни во Мисисипи, откако била пронајдена со сериозна повреда на главата која се претпоставува дека била од удар од автомобил.

Даглас Поџеки ја пронашол Џиџи и ја донел во центарот.

Иако не верувале дека ќе преживее поради критичноста на повредата, Џиџи успеала целосно да се опорави по интензивните третмани.

Даглас и Џиџи

Кога Даглас дошол да ја посети Џиџи таа го препознала и му се фрлила во прегратка.

Oд Центарот за спасување велат дека поврзаноста на Џиџи и Даглас е чудесна и дека таа потполно му верува.