Оливер Хадсон, братот на познатата актерка Кејт Хадсон на својот профил на Инстаграм објави фотографија која го насмеа цел свет.
После гласините дека Бред Пит се преселил во нивната куќа вака тоа го искоментира Оливер.
„Точно е живееме во пекол! Тој е неуреден! Ги остава картоните од шишиња и вратата отворена кога фрла ѓубре. А се тоа се случува во мојата куќа! Веќе почна да ме вика брат, па ме искара со мојот вистински брат. Тој инсистира моите деца да го викаат вујко Би. Мојата мајка премногу флертува со него. Сега носи мали ноќни фустани по дома по цел ден! Би Пи мораш што порано да се иселиш. Сакам животот да ми се врати во нормала. Фала ти. И ја најдов твојата медицинска ракавица, па ќе ти ја вратам. Океј.“, напиша Оливер.