Престанете постојано да зјапате во телефонот, ќе добиете “продолжен врат”

Луѓето денес се буквално опседнати со своите мобилни телефони.

Експертите со години предупредуваат за нивното штетно влијание, но очигледно безуспешно.

Лекарите предупредуваат дека прекумерната употреба на мобилните телефони можат да доведат до сериозни заболувања. Конкретно, најмногу страда вратот поради тоа што при сурфањето на интернет и пишувањето на пораки главата е во поднавалена положба и се јавува т.н продолжен врат.

Тоа предизвикува болки во вратот што создава притисок и болки во главата. Лекарите објаснуваат дека главата на човекот е тешка скоро пет килограми и секое навалување го напрега вратот се до пршлените. Тоа создава притисок кој може да има трајни последици по здравјето.