Кога уредниците на унгарска телевизија ТВ2 во редовите на својата програмска шема го довеле метерологот Шилард Ховарт, му дале задача да ја „освежи програмата“. Но наместо тоа тој добил отказ затоа што во текот на емитувањето на временската прогноза прднал.
Презентерот се обидел на смешен начин да објасни дека во некои делови на земјата се очекува ветровито време, па така прднал. Кога добил отказ, се споредил со светски познатите комичари.
„Кога Мистер Бин или Бени Хил ќе прднат сите се смеат, а кога јас го направив тоа сите гледаа негативно на тој потег. Изгледа дека веќе нема да ја водам временската прогноза на ТВ2. Ми треба нова работа“, објавил Хорват на Фејсбук.