При допирот со пистата на слетување на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона се урна авионот кој Кристијано Роналдо го купи за 15 милиони фунти пред една година.
„Роналдо, неговото семејство или пријатели не беа во авионот. Несреќата нема последици“, изјави извор за спортското издание на „Мирор“.
Инаку Роналдо со своите соиграчи е во Германија каде се подготвува за натпреварот со Борусија Дортмунд.