Приказната која ќе ве трогне – добрината се враќа

Оваа приказна циркулира веќе подолго време на интернет.

Постојат информации дека нема докази за нејзината вистинитост, некои велат така било, други ја оспоруваат.

Како и да е приказната е прогласена за урбана легенда, но секако е прекрасна да се прочита.

Неговото име е Флеминг, и бил сиромашен шкотски селанец.Еден ден, додека работел за да создаде егзистенција за своето семејство, слушнал повик за помош, што доаѓа од блиското мочуриште.

Го фрлил алатот и отрчал до мочуриштето. Таму било престрашеното момче цело извалкано, викајќи и борејќи се да се ослободи.
Фармерот Флеминг го спасил момчето од бавна и страшна смрт.

Следниот ден, отмена кочија се појавила во дворот на скромната куќа на Флеминг. Елегантно облечен г-дин слегол од кочијата, се претставил како татко на детето што Флеминг го спасил вчера.

– Сакам да Ве наградам. Го спасивте животот на син ми – рекол г-динот.

– Не, јас не можам да го прифатам тоа – одговорил шкотскиот селанец, гордо одбивајќи ја понудата.

Во тој момент, синот на фармерот се појавил на влезната врата од куќата.

– Тоа е твојот син?, прашал г-динот.

– Да, одговорил гордо фармерот.

– Имам предлог за Вас… Дозволете да му го дозволам образованието што ќе го има и мојот син. Ако е како својот татко, тој без сомневање ќе израсне во човек, на кого двајцата ќе се гордееме, рекол г-динот.

Тоа и се случило…

Синот на селанецот Флеминг ги посетувал најдобрите школи и на време дипломирал на медицинска академија во Лондон, па станал познат ширум светот како „Г-дин Александер Флеминг, пронаоѓач на пеницилин“

Неколку години подоцна, синот на истиот г-дин, што фармерот Флеминг го спасил, добил тешка пневмонија, која во тоа време била исто како и смртната казна.

Она што му го спасило животот во тоа време бил – пеницилинот.

Се прашувате како се викал тој г-дин? – „Лорд Рендолф Черчил“

А како се викал неговиот син? – „Винстон Черчил“

Некој некогаш некому рекол:

ПРАВИ ДОБРО – ЌЕ ТИ СЕ ВРАТИ

1. Вистина – Флеминг потекнува од сиромашно семејство на шкотски фармер, а сепак се школувал во скапо училиште

– фалс – нема податоци дека Черчил го финансирал неговото школување, во некои биографии дури се споменува дека таткото позајмил пари од вујкото и на тој начин го школувал синот.

2. Вистина – Черчил заболел од пневмонија и неговото лекување било навистина тешко

– фалс – Никаде не се споменува дека тој се лечел со пеницилин, напротив се споменува дека се излечил со друг вид на лек. Никаде во неговите биографии нема споменато дека тој за малку ќе се удавел додека бил мал во Шкотска.