Принс земал лекови на име на телохранителот

Во домот на познатиот пејач и текстописец Принс биле најдени најразлични лекови против болки, стои во судските документи што беа отворени вчера.

Некои од лековите што биле најдени на имотот Paisley Park кога било откриено телото на Принс, биле препишани на негов пријател и на телохранителот, што укажува дека пејачот доаѓал до нив по нелегален пат.

принс

Во медицинските извештаи стои дека Принс починал од случајно предозирање со лекови.

Судските документи до вчера беа запечатени бидејќи обвинителството стравувало дека некои од потенцијалните сведоци би можеле да побегнат или да уништат докази.

принс