Принцезата Дијана ќе добие своја статуа во дворецот Кенсингтон во Лондон

Британскиот принц Вилијам и неговиот помал брат Хари нарачале споменик во спомен на нивната мајка, принцезата Дијана, која почина во сообраќајна несреќа во Париз пред 20 години, соопшти Кенсингтонската палата.

Статуата ќе се издига пред официјалната резиденција на двајцата принцови, Вилијам и Хари во Лондон.

Дијана почина на 31 август 1997 година во сообраќајна несреќа во тунелот Алма во Париз.

Вилијам и Хари составија комисија, која ќе даде препорака за авторот, кој ќе ја изработи статуата и која делумно ќе го обезбеди финансирањето на проектот.

Таа ќе се издигнува во Кенсингтонската палата во Лондон, која е отворена за пошироката јавност.

Дајана