Дуетот на рокерот Џон Бон Џови и принцот Хари ја воодушеви светската јавност.
Имено, за потребите на настанот The Invictus Games, меѓународен настан со повеќе различни спортови, во кои учестваат ранети или болни лица од вооружените служби и ветерани, Бон Џови и Хари ја снимија песната Unbroken.
Принцот Хари не пее вистински, тоа им го препуштил на професионалците, а песната Unbroken е снимена во студиото во кое „Битлси“ снимија 11 од своите 13 албуми.
Целиот приход од настанот ќе биде дониран во хуманитарни цели.