Принцот Хари ја запроси Меган Маркл: Наместо прстен, актерката доби…

Принцот Хари наводно ја запроси својата девојка, актерката Меган Маркл, а тоа го направил за време на кампирањето во Боцвана.

Британските медиуми велат дека актерката прифатила, но нивната свршувачак официјално ќе биде објавена кога ќе одобри кралицата Елизабета Втора.

Прстенот кој ќе го носи Меган е вреден 100.000 фунти, а ќе биде направен од дел од накитот на принцезата Дијана.

Но, додека биде изработен прстенот, актерката носи нараквица од племето Зулу која и ја подарил Хари.

Официјалната објава се чекува во септември, според извори блиски до кралското семејство.