Премиерот карипската држава Антигва и Барбуда му предложи на британскиот принц Хари медениот месец со актерката Меган Маркел да го поминат на островот.
Во својот говор пред принцот и стотина гости премиерот Гастон Браун си дозволи да се пошегува.
“Разбирам дека наскоро ќе има засилување во кралското семејство. Се чини дека кај нас ќе се појави уште една принцеза. Затоа сакам да кажам дека треба да го поминат својот меден месец на Антигва и Барбуда “.
Според очевидци внукот на кралицата Елизабета Втора се уплашил од таквиот предлог и дури го наведнал својот поглед од срам.
Премиерот сепак немал сопирачки и подоцна изјавил пред новинарите дека гледа во Меган Маркел добра партнерка за принцот.
“Слушнав за неа, а слушнав и дека тие размислуваат за свадба”, рече Браун.