Принцот Вилијам во чест на неговата мајка активен е во хуманитарната организација „The Passage“, која им помага на бездомните луѓе во Лондон.
Тоа е омилената хуманитарна организација на принцот бидејќи уште од дете тој помагал заедно со неговата мајка.
Последно Вилијам и војводката Кејт Мидлтон беа во посета на организацијата и новиот проект кој се реализира, а одговорните луѓе имаа вистинско изненадување за принцот.
Тие му подарија фотографија стара 20-години направена токму во организацијата на која тој е со принцезата Дајана и неговиот брат Хари.
Фотографијата веруваме дека ќе ви ги стопли срцата.