Железен клуч од еден ормар на Титаник е продаден на аукција за 85 000 фунти или 104 000 долари.
Клучот му припаѓал на Сиднеј Седунариј, 23-годишниот член на екипата на бродот.
Тој бил еден од 1500 луѓе кои загинале кога големиот прекуокеански патнички брод кој удри во санта мраз и потона во текот на своето прво патување од Англија до Њујорк.
Small locker key from Titanic fetches £85,000 at auction https://t.co/v5YH6MGOfd
— The Guardian (@guardian) October 22, 2016
Клучот кој на себе имал плочка на која било напишано „Locker 14 F Deck“ подоцна и е испратен на вереницата на Седунариј откако е пронајдено неговото тело.
Се очекувало клучот да им донесе 50 000 фунти во саботната продажба од страна на „Henry Aldridge & Son in Devizes“ во Западна Англија.