Минатата недела на аукција во Париз, за неверојати 117.000 евра се продадени чизми за кои се смета дека му припаѓале на францускиот цар Наполеон Бонапарта.
Чизмите познати како „коњанички чизми“, имаат мала петта и се направени од црна кожа.
Првично тие биле проценети дека вредат помеѓу 50.000 и 80.000 евра.
Императорот Наполеон бил висок 169 сантиметри, а носел обувки кои денес би одговарале на големина помеѓу 40 и 41.