Пронајден е најстариот бисер во светот

Ова е фотографија од веројатно најстариот бисер досега пронајден.

Бисерот е откриен е на островот Марава, кај Абу Даби, во слоеви од почвата кои датираат од 5.800 до 5.600 година пред новата ера, односно од ерата на неолитот.

Бисерите во тој период биле скапоцени и се вбројувале во категоријата луксуз, а се користеле за накит.

Бесценетиот и историски важен бисер од Абу Даби ќе може да се види од 30 октомври на изложбата во Лувр Абу Даби „10.000 години луксуз“.