Провокативно, а пристојно: Рита Ора во совршен розев фустан

Рита Ора синоќа се појави на црвениот тепих на „Teen Choice Awards“ во Лос Анџелес.

Пејачката ги засени сите со розевиот фустан кој и прилегаше одлично, а пред се го истакна нејзиното деколте.

Рита имаше и интересна фризура, поточно боја на коса која сепак остана во сенка на креацијата на Alexandre Vauthie.

Провокативно, а пристојно, во вакво издание одамна ја немаме видено.