Иванка Трамп на пауза го стави нејзиниот моден бренд за да може да работи како советник на нејзиниот татко, претседателот Доналд Трамп.
Но, очигледно модата има голем удел во нејзиниот живот, па дамата се појави со впечатлив стајлинг на гала вечера во Берлин.
Иванка Трамп знае дека се е во деталите, па белиот фустан го надополни со зелени кристални обетки.
Обетките чинат 600 евра, а многумина сметаат дека не одговарале со темата на вечерата.
Иванка на покана од Меркел присуствуваше на интернационалениот самит за економското издигнување на жените.