Првата насловна за американскиот „Вог“ на Џиџи Хадид

Џиџи Хадид е еден од најбараните млади модели, која првпат се појави на насловната страница на американското издание на „Vogue“.

Русокосата Џиџи го краси августовското издание, а за фотографиите бил задоложен реномираниот фотограф, Марио Тестино.

Џиџи позира заедно со олимпискиот атлетичар Ештон Етон во комбинации кои ги потпишуваат модните брендови „Версаче“, „Салваторе Ферагамо“ и други.

џиџи хадид за вог

џиџи хадид за вог

Но, она што посебно се истакнува е дека Џиџи ги носи и популарните „Фенти Пума“ чевли дизајнирани од Ријана.

Со оглед на тоа што ова е првата насловна на „Vogue“ која ја краси популарната Џиџи, сигурно е дека ќе следат уште многу насловни со оглед на тоа што нејзината попуалрност расте од ден на ден.

џиџи хадид за вог