Шпанските медиуми на големо пишуваат дека Кристијано Роналдо повторно ќе стане татко, а неговата избраничка гордо го покажа зголемениот стомак.
Пред неколку дена Кристијано постави фотографија на која се гледа како го држи стомакот на својата девојка Георгина Родригез.
Овојпат, парот се најде на насловната страна на еден познат магазин, фатен во градска прошетка, додека се гледа нејзиниот заоблен стомак.
Веста под наслов „Кристијано Роналдо ќе стане татко“, одекна ширум планетата, а според пишувањето на шпанските медиуми, детето би требало да се роди до крај на годинава.