Принцезата Шарлот денес полни една година и по тој повод Кесингтоновата палата објави приватни фотографии од преслаткото девојче.
Фотографиите биле направени од страна на нејзината мајка, Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ во нивниот дом во Норфолк.
„Принцот и војвотката се прилично среќни што имаат можност да ги споделат овие семејни фотографии за роденденот на нивната ќерка“, изјавиле од кралската палата.
Фотографиите од принцезата се појавија веднаш по дебитирањето на војвотката за 100-то издание на британскиот Вог.