Копманијата Орион Спан наскоро ќе понуди туристички услуги надвор од нашата планета. Имено, основачот и директор, Френк Бангер, на Space 2.0 самитот во Калифорнија го најави својот проект. Според неговите искази, луксузниот вселенски хотел, наречен Aurora Station ќе биде лансиран во 2021 година, а првите гости ќе ги прими во 2022 година.
Што се однесува до цените, многу малку луѓе ќе можат да си приуштат вакво патување, бидејќи 12 дневен престој во вселената ќе чини 9,5 милиони долари.
Во хотелот ќе можат да престојуваат 6 лица, 4 патници и 2 члена на екипажот. Орион Спан нуди незаборавно искуство, бидејќи патниците ќе доживеат нулта гравитација и ќе имаат прекрасна глетка кон планетата Земја. Воедно, ќе доживеат 16 изгрејсонца и зајдисонца во еден ден.
Овој вселенски хотел ќе биде долг 13,3 метри, и широк 4,3 метри. Патниците ќе можат да користат брз интернет и ќе можат да се јават на своите семејства. Во луксузно уредениот простор патниците ќе добијат искуство како астронаутите. Пред самото патување ќе мора да поминат 3 месечна подготовка во Хјустон.