Неда Арнериќ во неделата падна од терасата во нејзиниот дом, каде живее со сопругот Милорад.
По несреќата докторите беа сигурни дека 63-годишната актерка поради повредите ќе остане инвалид, но за Неда се случи чудо.
Таа почна да ги мрда рацете и нозете, а резултатите велат дека многу побрзо од очекуваното ќе застане на нозе.
Но, и покрај добрите вести сепак првите зборови на Неда по несреќата биде доста депресивни.
„Ах, подобро да не преживеев…“, рекла актерката.
Инаку сеуште се истражува дали станува збор за несреќен случај или обид за самоубиство.
Во српските медиуми се појавија вестите дека Неда се обидела да се убие поради нејзиниот сопруг на кој му била откриена тешка болест.