ПЦР тестот оди во историја, се воведува нов многу поевтин

Новиот ковид-тест за кој научниците велат дека е точен како ПЦР тестот, а побрз од антигенскиот, за три месеци може да биде во масовна употреба.

Стручњаците од Универзитетот во Бирмингем тврдат дека развиле методологија за анализа на брис која дава резултати на лице место во рок од три минути, пренесува „Дејли мејл“.

Брзиот антигенски тест, моментно е најбрз на пазарот. Тој поставува дијагноза за помалку од половина час, но не е сто проценти сигурен и најчесто не може да се користи при патување во странство, освен во некои земји.

Истражувањето на новиот тест кој моментно е познат како RTF-EXPAR, покажало дека неговата точност е еквивалентна на ПЦР тесто и дека дава точен резултат во повеќе од девет во десет случаи.

Овој тест е напреден и во однос на брзината бидејќи е во состојба да детектира Ковид-19 за осум минути, додека за истот примерок со ПЦР тест потребни се 42 минути. Брзината на тестот се зголемува кога концентрацијата на вирусот е поголема, па тогаш му требаат само три минути да го открие вирусот.

Новиот метод може да го спроведува само обучен стручњак, се испитуива брис земен од грло и од нос кој потоа се става во машина која го бара генетскиот материјал на вирусот.

Еден од стручњаците кои го развија овој тест истакна дека тој би бил идеален за аеродроми и за масовни настани како фестивали и концерти и дека на пазарот моѓе да се појави за три до шест мееци и ќе биде многу поевтин од ПЦР тестот.