Работи кои денешните деца нема ниту да ги познаваат…

Уредите кои многумина од нас денеска ги користат ќе исчезнат од употреба до времето кога ќе пораснат децата родени во последните неколку години.

Денешните деца или воопшто нема да се сеќаваат на овие работи, или ќе се сеќаваат во магла.

Аврам Пилтч од laptopmag.com истражил кои уреди, кои се составен дел од нашето секојдневие, нашите деца нема да ги познаваат.

Dial-up интернет
Една 23 годишна девојка на својот постар колега му рекла дека не се сеќава на времето пред безжичниот интернет. Имено, нејзините родители имале dial-up, но таа била толку мала што воопшто не се сеќава. Dial-up сеуште некаде се користи, но денешните деца кога ќе пораснат само ќе се сеќаваат, или бабите и дедовците ќе им раскажуваат.

Фотоапарати
Камерите вградени во паметните телефони полека им го завземаат местото на фотоапаратите. За разлика од фотоапаратот кој со нас го носиме само кога мислиме дека нешто ќе фотографираме, паметните телефони секогаш се со нас.

Фиксен телефон
Во 2010 година, Центарот за контрола и превенција на болести во САД извести дека 26% од домаќинствата во таа земја користат само безжични телефони. По 2017 година, фиксните ги има само во мал број од домаќинствата, додека поголемиот дел од луѓето користат исклучиво мобилни телефони. Се предвидува дека до 2027 година, поголемиот број од фирмите повеќе нема да ги користат фиксните линии и со тоа ќе заштедат многу пари.

Спорото стартување на компјутерот
Најголема фрустрација во PC ерата е чекањето компјутерот за стартува. Денешните деца нема да го познаваат овој вид на фрустрација. Идните компјутери никогаш нема да се гасат, а „ќе се будат од сон“ (sleep mode) за една секунда. Гасењето на компјутерот нема да биде потребно ниту за инстралирање на на доградби. Системот ќе се надградува без рестартирање.

Кино сали
Крајот на киното се предвидува кога во употреба влезе телевизијата, но овој пат тоа навистина ќе се случи и тоа од многу причини. Прво, со HD телевизија и 3D моделите кои се се подостапни на домаќинствата. Второ, филмските студија и нивните партнери од кабелските телевизии, ќе почнат да прикажуваат филм на барање, истиот момент кога филмот за прв пат ќе се појави и во кино. Ова е тренд кој веројатно се повеќе ќе се развива.

Глувче
Во следните 5 години, цената на touch screen ќе биде толку мала па секој монитор од телевизорите до лап-топ компјутерите веројатно ќе го имаат. Не е веројатно дека глувчето ќе исчезне од употреба преку ноќ, но наскоро ќе дојде секундарно помагало кое ќе го замени.

3D очила
Од кога е можно гледањето на 3D филмови, гледачите носеле очила за да можат да ги искусат тродимензионалните ефекти. Меѓутоа, на пазарот веќе можете да најдете 3D решенија за кои не е потребно да користите очила.

Далечинскиот управувач
Кога денеска средовечните луѓе биле деца, многу од домаќинствата имале телевизор без далечински управувач. За да ја сменат програмата морале да се доближат до телевизорот. Во следните неколку години, поголемиот дел од домаќинствата за промена на каналот ќе ги користат или паметните телефони или комбинација од гестикулации и гласовни наредби.

Телефонски броеви
Веројатно ги знаете напамет телефонските броеви на вашите блиски. Но, поголемиот дел од броевите денеска не ги бираме, туку личноста со која сакаме да зборуваме ја бараме од опцијата контакти во мобилните телефони. Кога сакаме да разговараме со некој на интернет броевите дури и не ни требаат. Во иднината за време на запознавањето, личностите чиј контакт го сакаме, веројатно нема да ги прашаме за број, туку за „user ID“.

Факс
Во време на електронска пошта, инстант пораки, постои само една причина зошто некој од нас сеуште ги користи факс уредите. Таа причина е поврзана со потписите. Некои компании и нивните адвокати прифаќаат саморачен потпис како важечки. Само три работи можат да стават крај на факс уредите. Прво, повеќе компании ќе почнат да ги прифаќаат онлајн формуларите со електричен потпис како важечки. Второ, за оние кои не веруваат во електронски потпис, touch уредите им овозможуваат на луѓето да се потпишат. И на крај, со укинувањето на фиксните линии ќе се оневозможи работата на факс уредите.