Славниот актер и режисер Раде Шербеџија открил дека холивудската ѕвезда Анџелина Џоли, со која соработувал на филмот „Во земјата на крвта и медот“ многу ги сака неговите песни и дека приватно со задоволство ги слуша.
„ Им пеев повеќепати на моите колеги во странство, не само на сетовите туку и приватно. Анџелина ми призна дека многу ги сака моите песни и дека ги слуша многу често“, изјавил Раде Шербеџија.
Иако ги знае деталите за разводот на векот, за тоа не сака премногу да зборува во јавноста, бидејќи така тоа го прават вистинските пријатели.
„Не можам да го коментирам разводот на Анџелина и Бред. Ниту на најдобрите пријатели не сакам да им се мешам во приватните работи, а не пак на нив“, изјавил Шербеџија за српски „Курир“.