Рај за фудбалските фанови: Меси отвори ресторан (фото)

По Кристијано Роналдо, кој отвора синџир на луксузни хотели и Лионел Меси ќе „заплива“ во претприемнички води.

Фудбалерот на Барселона започна бизнис со отворање на ресторан, кој се вика „Белависта Нортен Гарден“.

Првиот објект од околу илјада метри квадратни, се разбира, го отворил во Барселона, а партнер му е неговиот брат Родриго.

Првиот ден на менито било омиленото јадење на аргентинскиот фудбалер: специјалитет со говедско месо и шунка, домати, моцарела и јајца.

Овој ресторан е инаку многу интересно дизајниран.

Доколку го посетите во текот на денот, најпрво ќе поминете низ влезот кој се нарекува „цвет“, а патот ве води право во самопослуга каде се служи појадок и вермут. Се разбира, постојат многу детали инспирирани од фудбалот.

Два големи телевизори се поставени за следење на натпревари. Во рамки на објектот има и фризерски салон, огромна градина, а на вториот кат има маси за посебни резервации наменети за четири до 12 лица, со телевизори и конзоли „Плејстејшн 4“.

На паркингот има простор за 30 автомобили.

Значи, доколку ја посетите Барселона, не го пропуштајте ресторанот на Лионел Меси.